Вардар замина по историја во Истанбул


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Експедицијата на Вардар предводена од фудбалерите, стручниот штаб и раководството замина за Турција каде утре ќе го одигра реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче.

Вардарци денес ќе одржат и прес конференција во 18:30 часот, а во 19:00 ќе го имаат и официјалниот тренинг на стадионот „Шукур Сарачоглу“.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар на програмата е утре со почеток од 19:30 часот.

Нашиот претставник во Истанбул ќе брка историја по одличниот резултат од Скопје каде го победивме гигантот со 2:0.

Му посакуваме среќа на Вардар во походот кон најголемиот клупски но и државен успех.