РК Вардар отпатува за Доха


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот ракометен шампион, Вардар денес отпатува за Доха, каде од 25 до 28 август ќе настапува на Супер Глоуб турнирот.

Учеството на неофицијалното Светско клупско првенство во Катар ќе биде прво за Вардар и за екипа од овие простори.

Во Доха од таборот на Вардар не отпатуваа Тоше Ончев, Мартин Поповски и Владо Недановски кои останаа во Скопје и следниот период ќе одработат индивидуални тренинзи.

Првиот противник на Вардар во четврт-финалето ќе биде иранскиот претставник Гашран, а натпреварот е закажан за 25 август со почеток од 14 часот.