Турција е следната дестинација за тандемот на Милан ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Фенербахче и Трабзонспор, се заинтересирани за услугите на Густаво Гомез и Хосе Соса од Милан.

Како што пишува Газета Дело Спорт, Фенербахче е во преговори со Милан за да го донесе дефанзивецот Гомез, кој најверојатно ќе замине од клубот откако го изгуби местото кое што му го земаа новите засилувања, Мусачио и Бонучи.

Трабзонспор пак е блиску до потпишување на Соса, кој би ги чинел 4 милиони евра.

Играчот од средниот ред цело лето се поврзуваше со враќање во некој од Турските тимови, а тренерот јасно му стави на занење дека за него нема да има место во составот на Милан.