Марио Балотели во сериозни проблеми: „Требаше да го извадам многу порано…“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Менаџерот на Ница, Лусиен Фавре го обвини Марио Балотели за синоќешниот пораз на Ница од Наполи, бидејќи не се трудел премногу. Откако Марио беше повлечен од игра гостинските навивачи го поздравија со огоромен аплауз, што дополнително го налути тренерот на Ница.

Наполи беше подобар од Ница на двапати, победувајчи го францускиот тим со вкупен резултат од 4-0.

Балотели го пропушти првиот натпревар поради повреда, но во вториот натпревар и не покажа нешто многу, дури и беше виновен за првиот гол на гостите откако тој, остана да се расправа со линискиот судија, додека неговиот тим беше фатен на контра и прими гол.

Новото засилување на Ница, Весли Снајдер исто така не ги задоволи апетитите на домашниот тренер кој изјави:

„Оваа беше премногу брзо за Снајдер, но Балотели дефинитивно не беше во овој натпревар“. – изјави тренерот.

„Не можеш да победиш некого ако во твојот тим имаш играчи кои не прават ништо на теренот, не можеш да победиш ни во француската Лига 1, а не пак во Лигата на Шампионите.“- заврши тренерот Фавре.