Дали хакерите намирисаа нешто? Ди Марија во Барселона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Според шпанските медиуми, ПСЖ се договорил со Барселона за откупната цена на репрезентативецот на Аргентина, Анхел Ди Марија. Аргентинецот е гледан како утешна награда по трансферот на Нејмар токму во ПСЖ.

 

Откако излегоа шпекулациите дека ПСЖ и Барселона договориле цена од 46 милиони фунти за Ди Марија, хакери го “хакираа” Твитер профилот на Барселона и напишаа дека Ди Марија веќе е нов играч на каталонскиот клуб.

Наводното “хакирање” беше набрзо забележано и твитовите беа избришани, па потоа и демантирани од Твитер профилот на Барселона.

Но доколку се покаже дека оваа шпекулација е точна, остава впечаток дека тимот на Барселона повторно купува играч кој не е долготрајно решение. Земајќи во предвид дека Ди Марија има 29 години, тешко е да се претпостави дека тој би можел да биде долготрајна опција на левата страна во нападот.

 

Ди Марија се пресели во тимот на ПСЖ уште во 2015 година и оттогаш има забележано 26 асистенции за парижаните.