Лионел Меси и Бартомеу ќе разговараат за евентуалната разделба во Монако


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Односите помеѓу Лео Меси и претседателот на Барселона, Бартомеу не се баш најдобри,но шпанските медиуми пренесуваат дека ситуацијата може да се промени веќе утре кога тие двајцата заедно ќе патуваат до Монако, за ждребот од Лигата на Шампионите.

Патувањето до Франција, ќе им овозможи на двајцата да разговараат за евентуалната ситуација во Барселона, и зошто аргентинецот не го потпиша новиот договор.

Ова исто така ќе биде прв пат кога капитенот и претседателот на Барслеона ќе се сретнат лице в лице, после заминувањето на Нејмар.

Тоа ќе биде ддобар момент да се дискутира иднината и на двајцата и кој прв ќе си замине од Барселона.

Медиумите пренесуваат дека тие ќе патуваат со приватен авион, но пред тоа Лео Меси ќе го одработи утринскиот тренинг.