Тотенхем со две засилувања во еден ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Тотенхем беа најтивки кога во прашање е преодниот рок. Впрочем, тимот од Лондон до денес немаше донесено ниту едно засилување во своите редови.

Затоа, „Петлите“ денес претставија две нови имиња кои од оваа сезона ќе го носат нивниот дрес.

Во Тотенхем најпрво беше претставен голманот Пауло Газанига кој доаѓа од редовите на Саутемптон. Аргентинскиот интернационалец со лондонскиот клуб потпиша договор до 2022 година.

Второ засилување за Маурисио Покетино е одличниот централен дефанзивец, Дејвисон Санчез кој доаѓа од редовите на Ајакс. Санчез беше договорен од претходно, а денес беше комплетирана неговата документација за добивање работна дозвола, а исто така денес ги помина и медицинските прегледи во базата на клубот.

Санчез во следната сезона ќе го носи дресот со број шест, додека пак Газанига на својот грб ќе го носи дресот  со бројот 22.