Кутињо има нов имиџ, а Барселона спрема нова 138 милионска понуда за Бразилецот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Трансфер целта на Барселона, Филип Кутињо, денеска беше фатен од фотографите во Ливерпул како излегува од кај својот омилен бербер.

25-годишниот фудбалер моментално се опоравува од повредата на грбот и ги пропушти натпреварите од новата сезона, за тимот на Јирген Клоп.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Барселона ќе се врати по играчот со подобрена понуда од 138 милиони евра за играчот.

Дали овој пат Ливерпул ќе одолее на огромната понуда на Барселона од 101 милион во кеш и 37 милиони во бонуси останува да видиме.