Извлечени се групите за квалификациите за ФИБА СП 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Осумте национални тимови кои ги поминаа претквалификациите се придружија на останатите 16 тимови и со тоа беа комплетирани 24-те места во квалификациите за Светското Првенство.

 

Утрово беа извлечени групите за квалификациите за СП 2019 кои дадоа неколку интересни дуели помеѓу националните тимови.

Посебно интересен шмек се очекува да има групата Д, каде се сретнуваат Италија и Холандија. Во пријателскиот натпревар помеѓу двете репрезентации имаше инцидент во кој Данило Галинари (Италија) го удри холандскиот играч Јито Кок со бокс во лицето и притоа Галинари ја скрши раката, што значи дека ќе го пропушти Европското Првенство и можеби дури и почетокот на НБА сезоната.

 

Натпреварите од квалификациите ќе се одиграат во периодот од 23 ноември 2017 до 25 февруари 2018. Најдобрите 12 тимови ќе се пласираат на Светското Првенство кое се одржува во Кина во 2019 година.