Клеј Томпсон е поласкан од интересот кој го покажаа Кавс за него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Според многу американски медиумски куќи, пред да се случи трејдот на Кајри Ирвинг во Бостон, Кливленд го понудиле Ирвинг на тимот на Голден Стејт Вориорс а за возврат сакале да го добијат Клеј Томпсон.

 

Клеј Томпсон е навистина поласкан што постоел интерес за него од тим каков што е Кливленд, но е уште посреќен што Вориорс верувале во него и неговите способности па решиле да го задржат.

“Да, навистина е кул. Ова покажува дека Вориорс ме вреднуваат многу но исто така покажува дека останатите тимови во лигата имаат високо мислење за мене. Моето име се спомнува во трејд-шпекулации од моментот кога влегов во лигата. И тоа не е чудно, секој во лигата се наоѓа во трејд-шпекулации понекогаш. Добро, освен можеби Леброн и (Стеф) Кари. Сето тоа е дел од бизнисот и јас сум навистина поласкан од интересот.” – изјави Клеј Томпсон.

 

Томпсон на почетокот од кариерата беше сметан како играч кој има улога само да шутира кога топката ќе дојде до него, но со тек на време се докажа како клучна алатка за успехот на Вориорс, па дури стана и Ол Стар играч.