ИСТОРИЈА: Вардар прв македонски тим во едно големо европско натпреварување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар штотуку испиша историја успевајќи да го елиминира големиот Фенербахче и со тоа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.

Ова е прв пат македонска екипа да се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Европа.

Фенербахче диктираше темпо во текот на целиот натпревар, но Чеде Јаневски одлично ги имаше подготвено фудбалерите кои фантастично ја одработија својата задача. На голот царуваше извонредниот Филип Гачевски, а средниот ред и одбраната одлично функционираа.

Турците успеаја да стигнат до гол преку Роман Нојштадер кој после еден корнер ја затресе мрежата на Вардар во 61 минута и ги разбуди домашните навивачи кои направија вистински пекол.

Сепак само седум минути подоцна пеколот го згасна Џигаури кој среќно го матираше Камени и го постигна највредниот гол во македонската клупска историја.

Искусниот Никола Глигоров го клекна на колена скапиот тим на Фенербахче во првата минута од судиското продолжение кога по одличното проигрување од Барсегјан го постави конечниот резултат 1:2.


МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈ СЕ !!!!