Монтела: „Можеби нема да ја освоиме Европа Лигата, но ќе играме со срце“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Тренерот на Милан, Винчензо Монтела во плеј-оф, двомечот против Шкендија, играше во формација 3-5-2, што беше нетипично во годините наназад за тимот на Милан, но со ваквата офанзивна формација, Италијанскиот гигант го разби тимот на Шкендија со вкупен резултат од 8-0.

Новинарите во Скопје, по натпреварот го „нападнаа“ со прашања а тој достојно одговараше.

„Премногу рано е да се рече дали ќе ја освоиме Лигата на Европа.“

„Бевме подобри и во двата дуела, ќе ја чекаме стрпливо ждрепката, но овие момци одиграа одлично против Шкендија и не ме разочараа.“

Летово Милан, купуваше на големо, многу ѕвезди стигнаа во Милано, но во двомечот против вицешампионот на Македонија, најдобар играч беше Патрик Кутроне, младинецот на Милан.

„Тој е многу добар играч, но сеуште е млад, понекогаш ќе треба да седи и на клупата за резерви. Ако можам јас може и тој“. – Низ смеа изјави Монтела.

Ајакс, минатогодишниот финалист во Европа Лигата, синоќа испадна неочекувано од оваа натпреварување, а Монтела беше запрашан дали Милан е фаворит за титулата во Европската Лига.

„Клуб како што е Милан, секогаш треба да игра со гордост во сите натпреварувања и да постигнува успеси. Можеби нема да ја освоиме Европа Лигата, но ќе играме со срце“.