Англичаните лошо го протолкуваа потегот на Руни: Тој не го одби дресот на Радошевиќ…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

 

Вејн Руни и неговиот Евертон, се изборија за пласман во рупната фаза од Лигата на Европа, синоќа во дуелот со Хајдук Сплит, но еден мал детаљ од крајот на натпреварот упадна во очи на фановите ширум светот.

Имено, на социјалните мрежи се прошири видео како Вејн Руни и Јосип Радошевиќ ги разменуваат дресовите. На крајот играчот на Хајдук во соблекувалната отиде со два дреса својот и дресот на Вејн Руни.

Причината не е таа што ја протолкуваа англичаните дека Руни, го одбил дресот на младиот и талентиран играч на Хајдук. Ако малку подобро ја погледнете снимката, јасно ќе видите дека Јосип го замолува нешто на Вејн Руни а тој одговара потврдно.

Јосип Радошевиќ најверојатно, сакал да го задржи својот дрес во кој синоќа постигна „страшен“ гол, а на англискта ѕвезда тој дрес многу и не би му значел па се согласи.