Два трансфери и едно заминување од Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од главните играчи во средината на теренот на Вардар, Стефан Спировски е пред заминување од клубот.

Битолчанецот е пред преселба во редовите на унгарскиот великан Ференцварош, а трансферот треба да биде обелоденет во текот на следните неколку денови.

Како замена за Спировски во Вардар ќе дојде младиот, 23 годишен српски интернационалец, Вања Марковиќ. Марковиќ во својата кариера има настапувано за полскиот прволигаш Корона Киелце, а потекнува од школата на Земун.

Покрај Марковиќ пред трансфер во „црвено црните“ е и играч од Брегот на слоновата коска. Станува збор за 29 годишниот Хамед Коне кој во својата кариера има настапувано за неколку клубови од Романија, а има и интернационално искуство со играње во Јапонија. Последен негов клуб е Диба Фуриах од Обединети Арапски Емирати.