Раиола: “Меси мора да си замине од Барселона за да докаже дека е голем играч!”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

На спортскиот супер-агент Мино Раиола не му се непознати контроверзните изјави, па уште една таква изјава воопшто не ја изненадува јавноста. Овојпат Раиола имаше коментар за ситуацијата помеѓу Меси и Барселона.

 

Имено, аргентинецот сѐ уште нема потпишано нов договор со Барселона и шпекулациите за негово заминување се засилуваат од ден во ден. Иако се мали шансите за да се случи такво нешто, сепак Раиола си зеде слобода да му даде совет на најдобриот играч на Барселона.

“Играч каков што е Меси мора да проба ново искуство со друг клуб и да докаже дека е голем играч. Барселона треба одново да се реформира, после толку години.” – изјави Раиола.

 

На тимот на Барселона летово и беше зададен голем удар со заминувањето на Нејмар во ПСЖ и сега Лионел Меси не може да биде сигурен во иднината на тимот. Лошите трансфери од последните неколку години ја чинеа Барселона симнување од европскиот врв, па така чудно е за јавноста да го гледа еден од најдобрите фудбалери во историјата во тим кој не може да биде конкурентен во Лигата на Шампионите.