Кристијано Роналдо посочи шест играчи како негови можни наследници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Играчот на Реал Мадрид го препознаваме како еден од најдобрите играчи кои стапнале на фудбалските терени, но и тој покажа дека има многу верба во младите играчи откако во едно интервју наброи шест играчи кои ги гледа како свои наследници.

 

Кристијано Роналдо го издвои Хазард, помеѓу уште неколку играчи за кои смета дека би можеле да постигнат големи работи во фудбалската кариера.

“Гледам многу потенцијал на фудбалските терени: (Марко) Асенсио, (Килиан) М’бапе, Нејмар, (Осман) Дембеле, (Еден) Хазард, (Маркус) Рашфорд и уште неколкумина. Во следната генерација има најмалку десет играчи со голем, огромен потенцијал.” – изјави Роналдо по примањето на наградата за Најдобар фудбалер од УЕФА.

 

Кристијано Роналдо го зацврсти своето место во фудбалската историја по трите освоени Лиги на Шампиони во последните четири години. Во наредната сезона тимот на Реал Мадрид е повторно најголем фаворит според обложувалниците да ја освои Лигата на Шампионите.