Флојд Мејведер се пофали со своите часовници вредни 2 милиони долари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Швајцарската марка на часовници HUBLOT ќе биде главниот спонзор на Флојд Мејведер во денешната борба помеѓу непоразениот боксер и популарниот ирец Конор МекГрегор.

 

HUBLOT и Мејведер ја продолжија соработката која трае уште од 2015 година, од мечот во кој тој го совлада тогашниот единствен конкурент за тронот, Мани Пакјао. За да ја прослават двегодишната соработка, HUBLOT го наградија Мејведер со два часовника вкупно вредни неверојатни 2 милиони долари!

 

Сумата на двата часовника е сепак многу, многу помала од сумата која е обезбедена за победникот од дуелот меѓу Мејведер и МекГрегор. Имено, победникот од овој боксерски меч ќе инкасира 100 милиони долари само од главниот спонзор.