УС Опен: Рафа Надал и Енди Мареј ги добија своите противници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Енди Мареј ќе го започне походот кон титулата на УС Опен против Американецот, Тенис Сендгрен, додека пак новит рекет број 1, Рафаел Надал ќе се соочи со Душан Лајовиќ.

Шпанецот кој ја осови 10-та титула во Франција, порано оваа година, се надева дека ќе продолжи успешната година и на УС Опен турнирот следната недела.

Британецот, Енди Мареј, пропушти неколку големи турнири оваа година, но се опорави навреме за последниот Гренд Слем во 2017.

Роџер Федерер, оваа натпреварување ќе го започне против домашниот миленик на публиката, Франсес Тијафо.

Во женска конкуренција, бранителката на титулата, Ангелика Кребер во првото коло ќе се соочи со 19-годишната Наоми Осака.

Венус Вилијамс ќе игра против некој од квалификантите, додека пак Марија Шарапова ќе се судри со Симона Халеп.

Последниот Гренд Слем годинава, започна на 22 август, а ќе заврши на 10 септември.