Пелистер убедлив во Кратово, Победа подобра од Шкупи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Битолски Пелистер носен од играта на Оливер Пеев славеше убедлива победа против Силекс во Кратово.

Пелистерци со 4:1 славеа најмногу благодарение на Пеев кој постигна хет-трик. Новото засилување за битолчани ја погоди мрежата на Силекс во 37’, 59’ и  70 минута.

Четвртиот гол за Пелистер го постигна Баже Илијоски во 75 минута од натпреварот. Филип Тимов успеа само да го намали резултатот на пет минути до крајот.

Победа славеше голема победа над Шкупи со 2:1. Избраниците на Штерјовски славеа со погодоци на Карчески и Гешоски.