Трансфер бомби во Партизан, едната е Горан Пандев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Партизан на големо се подготвува за настапите во Лигата на Европа.

„Црно белите“ веќе го договориле трансферот на Зоран Тошиќ кој во моментов е слободен фудбалер, но нема да застанат на тоа.

Како што пишуваат српските медиуми на листата желби на Партизан се уште и Бојан Кркиќ, актуелен член на премиерлигашот Стоук како и нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Наводно веќе биле остварени начелни разговори со Џенова за нивниот напаѓач, но за сега се е далеку од реализација. Проблем претставува високата плата на нашиот репрезентативец кој започна како стартер во Џенова во првите два натпревари во Серија А.

Доколку остварат барем еден од овие трансфери ќе биде вистински позитивен шок во српскиот фудбал. Останува да видиме дали Партизан ќе ги засили своите редови со познати и искусни имиња.