Интер го „освои“ главниот град, Икарди постигна нови два гола (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Лусијано Спалети синоќа се врати во Рома, но како „непријател“, тој синоќа го водеше Интер, во маестрална победа над Рома, со 3-1, откако домаќините имаа предност од 1-0, во одличниот натпревар кој што го одбележи второто коло, од Италијанската Серија А.

Един Џеко го отвори резултат по една нафрлена топка на Најнголан. Во првиот дел тимот на Рома, беше далеку подобар противник, Коларов ја погоди стативата, Џеко константно се закануваше, но резултатот не се промени, се отиде на пауза со 1-0.

Во вториот дел видовме друг Интер, очигледно беше дека Спалети добро ја скроил тактиката на полувреме, а за само 20-тина минути Интер постигна три гола, два од нив беа дело на мајсторот од Аргентина, Мауро Икарди.

Рома на три пати ја погоди стативата и немаше среќа, во фантастичниот натпревар, кој заврши со конечна победа на Интер од 3-1.