Александар Лаказет им вети на фановите на Арсенал дека ќе постигнува…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Рекордното засилување на Арсенал, Александар Лаказет, вети дека ќе успее да ја подигне играта на тимот на повисоко ниво и ќе дава голови во важни натпревари.

Францускиот репрезентативец засега импресионира во дресот на Арсенал, постигна деби гол по само две минути во дресот на Арсенал, а минатиот викенд судиите му поништија чист гол, во натпреварот против Стоук.

26-годишниот играч ќе го предводи денешниот напад на Арсенал против Ливерпул и ветува дека ќе го дава максиумот и ќе постигнува голови, кога е најпотребно.

„Ќе постигнувам голови, во клучните моменти од натпреварите, мислам дека Арсенал низ годините немаше решение за тоа“. – изјави Лаказет за Скај Спортс

„Со моите голови, Арсенал ќе добива натпревари“ – заврши Лаказет.