Валенсија треба да се плаши од Карим Бензема


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Реал Мадрид вечерва ќе се соочи со Валенсија во дербито на вечерта, а тоа значи дека Карим Бензема, ќе игра против омилениот тим на кого му има постигнато најмногу голови, дури шест.

Кристијано Роналдо е казнет со неиграње, но затоа тука е „смртоносниот“ Бензема за Валенсија, кој вечерва повторно треба да блесне во отсуство на главната ѕвезда на Реал Мадрид.

Ако французинот вечер постигне гол, против тимот на Марселињо тоа ќе биде негов прв, во новата сезона, тој стрелаше во Суперкупот на Шпанија, против Барселона, но нема постигнато гол во Ла Лига.

Оваа година „Кралевите“ очекуваат тој да го понесе товарот за постигнување на голови откако си замина Алваро Мората.