Челси на крилата на Мората и Фабрегас до победа против Евертон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Челси запиша победа против тимот на Евертон откако со 2:0 славеше на „Стемфорд Бриџ“.

Избраниците на Антонио Конте со головите на Сеск Фабрегас и Алваро Мората стигнаа до значајна победа во воведните кола од шампионатот.

Фабрегас најпрво го отвори резултатот по асистенција на Мората во 27. минута. На пет минути пред одморот Мората го постави конечниот резултат.

Во вториот натпревар кој се играше во ист термин Вест Бромвич Албион и Стоук ги поделија бодовите играјќи 1:1.