ПЛ: Убедлив триумф на Ливерпул,тешки времиња доаѓаат за навивачите на Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

 

Тешки времиња доаѓаат за навивачите на Арсенал, после  новиот тежок пораз на тимот денеска, нагости кај Ливерпул,  навивачите полека но сигурно ги губат нервите и сакаат францускиот стратег да биде избркан.

Фановите на Лондонскиот тим, за високиот пораз од 4-0, кај Ливерпул, го обвинуваат тренерот Арсен Венгер, неговата лоша тактичка поставеност и бледото издание на главните фудбалери, пред се на Месут Озил кој беше непрепознатлив на теренот.

Иако тимот на Ливерпул беше без нивниот најдобар играч на теренот, Филип Кутињо кој секојдневно се поврзува со Барселона, составот кој го извади Јирген Клоп беше за три класи надмоќен, од оној на Венгер.
Резултатот го отвори Фирмино во 17-та минута, а Мане прецизно стрелаше во 41 минута, со резултат од 2-0 се замина на полувреме. Во вториот дел Ливерпул повторно ја превзеде контролата и го диктираше темпото, Салах зголеми на 3-0, а во листата на стрелци уште се запиша и Даниел Стариџ.

Во останатите натпревари од Премиер Лигата денеска се сретнаа ВБА – Стоук 1-1, Тотенхем – Барнли 1-1.