Кливленд нема да бара пикови, туку играчи од Бостон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Откако трејдот помеѓу Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс центриран околу преселбите на Ајзеа Томас и Кајри Ирвинг пропадна поради тоа што Томас не можеше да ги помине медицинските прегледи, Кавси побараа Селтикси да ја појачаат понудата ако го сакаат Ирвинг во своите редови.

 

Последните информации кои доаѓаат од САД велат дека Кливленд Кавалирс во понудата ќе побараат уште еден играч од Бостон Селтикс, и моментално се решени тој еден играч да биде еден од двајцата Џејлен Браун и Џејсон Тејтум. Секако, на Селтикс останува да одберат кој од двајцата играчи ќе го понудат во зделката за Ирвинг.

 

Инаку, пред неколку дена трејдот беше финализиран и играчите веќе се простија со своите екипи но медицинските прегледи покажаа дека Ајзеа Томас има поголема повреда отколку што се очекуваше и Кливленд го откажаа трејдот.