Тешки денови за Билиќ: Тимот му се распаѓа, наследниците го чекаат, а играчите го напаѓаат


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

Пред две сезони, Вест Хем беше хит во Премиер Лиата, а англиските новинари на Славен Билиќ гледаа како тренерски великан, бидејќи тој ги победуваше, Челзи, СИти, Арсенал, Ливерпул… а навивачите го обожаваа тренерот кој знаеше да коминуцира и со играчите со публиката. Рокер, правник, странец кој што англиски говори подобро од пола англичани, освојувач на светската бронза и плус тоа бивши играч на Вест Хем. Славен Билиќ тогаш беше вистинско освежување за Премиер Лигата, но времето на „гордост и слава“ кратко траеше.

Минатата сезона Билиќ направи голема грешка, додека сите менаџери за време на летниот преоден рок ги разгледуваа опциите за засилување на нивните клубови, Славен изигруваше циркузант, коментирајќи го Европското Првенство во Фудбал, кое што се одржа во Франција.

Менаџерот тогаш му се дивеше на головите на Димитри Пајет за селекцијата на Франција, дури при една прослава на негов гол, тој се качи на маса, за после само неколку месеци играчот, ладнокрвно да го напушти, па Вест Хем едвај се спаси минатата сезона.

Оваа пак, навреме се тргна со засилувања, и хрватскиот тренер потроши дури 50 милиони на засилувања, но Вест Хем ниту има резултати, ниту игра. Првите три кола завршија, а „Чеканите“ имаат три порази со гол разлика 2-10.

Англиските медиуми тврдат дека денеска од раководството на клубот имаат закажано состанок и веќе немаат стрпление за хрватскиот тренер.

Билиќ има утше една година дена договор со клубот, но медиумите веруваат дека тој нема да го дочека крајот. Како најголем кандидат за нов тренер на клубот се споменува Рафа Бенитез, Рајан Гигс, Брендон Роџерс..

Тренерот ја изгуби довербата и од навивачите, а ситуацијата да биде уште полоша критиките стигнаа и од соблекуваната.

Имено, РОберт Снодграс, кој дојде како големо засилување од Хал, на 15 натпревари минатата сезона не постигна ниту еден гол, па Билиќ го испрати во Астон Вила на позајмица, а тој се жалеше во англиските медиуми дека тренерот од него бара тој да биде новиот Димитри Пајет.