„Лилјаците“ го сопреа ослабениот Реал Мадрид, Асенсио спречи сензација (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Во дербито од 2-то коло на Шпанската Ла Лига, Валенсија на „Сантиаго Бернабеу“ го сопре Реал Мадрид, одигрувајќи 2-2.

Рела поведе во 10-минута, со голот на Асенсио, но само неколку минути покасно гостите изедначија, а стрелец беше Карлос Солер.

Во продолжението од натпреварот Европскиот првак ги напаѓаше гостите, но „Лилјаците“ добро се бранеа. Голманот Нето беше расположен и на неколку наврати спречи ново воддство на Реал.

Потполен пресврт се случи во 77 минута кога КОндогбиа донесе голема радост за гостите, но Асенсио во 83 минута се погрижи Мадридскиот тим да не доживее дебакл на својот стадион и ги постави конечните 2-2.