Meсут Озил не се криеше после болниот пораз: „Обвинувајте не, дерете ни се, критикувајте не…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Германскиот репрезентативец јавно им се извини на навивачите на Арсенал, откако нивниот тим беше прегазен на „Енфилд“ од Ливерпул, вчера со  4-0.

Ливерпул едноставно си играше со фудбалерите на Арсенал, кој што играа ужасно и не покажаа никаква желба за победа во дербито од Премиер Лигата.

Месут Озил, беше во стартниот состав, но како да не се забележуваше, а по натпреварот тој им се извини на фанвоите со порака на социјалните мрежи:

„Обвинувајте не, дерете се на нас, критикувајте не, но исто така и јас сум разочаран од денешниот натпревар.“ – напиша тој на Инстаграм

„Сакавме да направиме позитивен резултат пред да почне интернационалната пауза, но не бевме доволно добри денеска, Ливерпул ја заслужи победата“.

„Премногу сум разочаран, што псотирам на социјалните мрежи после еден ваков натпревар, но не сакам овој натпревар да помине некоментирано, пред да заминеме на интернационална пауза.“ – заврши Озил.