ОФИЦИЈАЛНО: Јармоленко потпиша за Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Борусија Дортмунд донесе во својот состав уште едно супер-засилување, овојпат од украинската лига. Андреј Јармоленко е нов играч на Борусија.

 

27-годишниот Јармоленко го напушти тимот на Динамо Киев и потпиша за Борусија Дортмунд во трансфер вреден 25 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор со “милионерите” од Дортмунд и доаѓа како замена за Осман Дембеле кој го напушти тимот за да отиде во Барселона.

Јармоленко е крилен напаѓач кој одлично игра со левата и со десната нога, посебно опасен во, но и околу шеснаесетникот.

 

Во 36 настапи минтата сезона за Динамо Киев тој постигна 19 гола и асистираше 10 пати на своите соиграчи. Покрај тоа, Јармоленко е и капитен на националниот тим на Украина, за кого има 69 настапи и 29 голови.