Јувентус ги отежнува работите на Интер: Каде ли на крајот ќе заврши Мустафи ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Како пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус е новиот клуб кој се вклчува во трката за дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.

Иако според ЕСПН, Интер беше водечкиот клуб за потписот на Германскиот интернационалец, но сега се придодава и Јувентус кој би можел, не само а ја крене цената на играчот туку и да му го одзеде на Интер речиси сигурното засилување.

По заминувањето на Бонучи, „Бјанконерите“ бараат нов централен дефанзивец, а дали тоа ќе биде Мустафи или пак Ховедес, останува да видиме.

25 -годишниот играч, беше изоставен од првиот тим на Арсенал во дерби дуелот со Ливерпул, кој Арсенал го загуби со 4-0, а според медиумите раководството на Арсенал би било задоволно ако Мустафи замине од Лондон и ја наполни клупската каса.