Сери: Не ми е дојдено до фудбал, откако пропадна мојот трансфер во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Пропадна трансферот на Мајкал Сери во Барселона, а играчот влегол во канцеларијата на клубот и само што не „експлодирал“ врз раководството на Ница.

Само пред неколку дена, играчот беше пресреќен што ќе го облече дресот на Барселона, но до тоа не дојде.

„Не играв овој викенд за Ница, моментално не ми е до фудбал“ – изјави играчот за Мундо Депортиво.

„Мојот сон да и се приклучам на Барселона, пропадна, и во моментов се чуствувам ужасно“.

Според медиумите, Барселона понудила 40 милиони на Ница за играчот но тие биле одбиени од Ница.

Потоа „Каталонскиот“ клуб се насочи кон потпишување на Дембеле и на Анхел Ди Марија.

„Сеуште сакам да сум оптимист и да верувам дека сеуште има шанси клубовите да се договорат за мојот трансфер“ – изјави Сери.

„Не сакам да заминам во кој било клуб, Барселона е клубот со кои се поврзани сите мои сеќавања од детството, мојот сон… нивниот фантастичен стил на игра“.

Разочарувањето кај Мајкал Сери е огромно, а тој вели дека претседателот на клубот немал храброст ниту да го погледне во очи.

„Не рече ништо, немаше зборови… дури немаше храброст да ме погледне во очи“ – заврши играчот на Ница.