На денешен ден во Битола се одиграл првиот натпревар од ракометната Лига на Шампиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа сезона ќе биде јубилејна 25та во ракометната Лига на Шампиони, а од редовите на ЕХФ не потсетуваат каде започнало се пред точно 24 години.

На денешен ден во 1993 година бил одигран првиот натпревар во рамките на најелитното европско натпреварување и тоа во Битола.

Домашниот тим на Пелистер се соочил со претставникот на Словенија, Целје Пивоварна Лашко, а Словенците ја однеле победата во драматичен натпревар победувајќи со 23:22.

Од Европската куќа на ракометот во прилог го изложија тогашниот извештај од историскиот прв натпревар од Лигата на Шампионите како потсетник каде започнало се.