Не се снајде во Борусија, Мор прави трансфер во Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Офанзивниот играч на Борусија Дортмунд, Емре Мор денес пристигна во Шпанија каде треба да ги изврши медицинските прегледи, а потоа да потпише договор со тимот на Селта Виго.

20 годишниот фудбалер е фотографиран како носи опрема на Селта Виго и како потпишува некои документи. Се шпекулира дека турскиот интернационалец ќе премине во минатогодишниот полуфиналист од Лигата на Европа во трансфер вреден 25 милиони евра.

Мор важеше за голем талент, но во првата сезона во Борусија Дортмунд не се снајде најдобро и веднаш се реши да го напушти клубот. За него интерес постоеше и од редовите на Интер и Евертон, но сепак тој се одлучи за трансфер во Шпанија.