„Тој е неверојатен, но треба да избори за стартно место во тимот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Еден Азар, ќе треба да ја врати својата најдобра форма за да најде место во стартниот тим на Челзи, вели неговиот клубски колега, Тибо Куртоа.

Белгиската суперѕвзда, сеуште нема заиграно во новата сезона, откако се опоравуваше од повредата која ја здоби минатата сезона, ве еден натпревар за Белгиската селекција.

Иако не настапува во составот на Челзи, Роберто Мартинез го повика да игра за Блегија во квалификациите за Светското Првенство.

Тибо Куртоа верува дека фановите со нетрпение го очекуваат белгиецот на теренот, но иако важи за голема ѕвезда тој ќе мора да се избори за место во стартниот тим.

„Тој е неверојатен, ни недостигаше играч во тимот со неговите квалитети, но мислам дека Педро и Вилиан беа одлични, и на почетокот од сезоната се покажаа многу добро.“

„Ќе биде тешко и за него да се врати во стартниот тим, но тој е играч кој за клубот направил многу позитивни работи“. – Изјави Куртоа.