ОФИЦИЈАЛНО: Кеита Балде е нов играч на Монако!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Летово имаше многу побарувачка за напаѓачот на Лацио, Кеита Балде, и тој конечно го направи долгоочекуваниот трансфер. Тој од утре ќе биде нов играч на Монако.

 

22-годишниот напаѓач со шпанско потекло беше на мета на повеќе европски клубови и тој летово веќе ги одби Јувентус и Милан. Но, понудата на Монако беше и повеќе од примамлива и тој утре ќе оди на медицински прегледи во францускиот шампион.

Висината на трансферот изнесува 28 милиони евра а Кеита потпиша петгодишен договор.

 

Минатата сезона Кеита Балде погоди 16 пати во Серија А за тимот на Лацио.