Гибс го комплетираше трансферот во ВБА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега веќе поранешниот фудбалер на Арсенал, Киеран Гибс е нов играч на Вест Бромвич Албион.

Англичанецот со клубот предводен од Тони Пјулис потпиша четиригодишен договор, а трансферот изнесува околу седум милиони фунти.

Гибс ќе биде големо засилување за тимот на Вест Бромвич Албион за новата сезона во Премиер Лигата. Клубот во досегашните воведни три кола од Премиер Лигата играше без класичен лев бек.