Евертон ја одбија понудата од Челзи за Рос Баркли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Актуелниот англиски шампион Челзи активно е на пазарот за да донесе уште еден играч од средината на теренот откако летово тимот го напушти Матиќ.

 

Челзи понудија 25 милиони фунти за играчот на Евертон, Рос Баркли, но “карамелите” експресно ја одбија оваа понуда. Нивниот сопственик не попушта ништо под сумата од 40 милиони која ја одреди за Баркли на почетокот на летото.

Покрај за Баркли, Челзи се заинтересирани и за Дени Дринквотер од Лестер, кој иако има поразлична улога на теренот од онаа што ја има Баркли, сепак ги исполнува условите за она што Челзи го бараат од него.

 

Рос Баркли има само уште една година на договорот со Евертон и доколку клубот сака да не го изгуби без надоместок, мора да размислува побрзо за неговата продажба.