Серж Ауриер доби работна виза, трансферот во Тотенхем е на прагот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Веќе подолго време Серж Ауриер беше поврзуван со премин во Премиер Лигата, и изгледа дека конечно тој трансфер ќе се случи.

 

Минатата недела Тотенхем и ПСЖ се договорија за трансферот на десниот бек Серж Ауриер но тој не можеше да биде официјализиран бидејќи Ауриер не ги исполнуваше условите за добивање на работна виза. Денеска излезе информацијата дека тој добил работна виза и веќе утре ќе може да ги помине медицинските прегледи во Лондон.

Висината на трансферот изнесува 23 милиони фунти а се очекува Ауриер да потпише четиригодишен договор со екипата на Тотенхем.

 

Серж Ауриер ќе дојде како добро засилување за Тотенхем, земајќи во предвид дека ова лето тие го продадоа својот стартен десен бек, Кајл Вокер, во Манчестер Сити.