Нани би можел да заигра во главниот град на Италија ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Лацио е во преговори со Валенсија, за крилниот напаѓач, Луис Нани, кој би можел да заигра во престолнината на Италија, како позајмен играч, пренесуваат италијанските медиуми.

30-годишниот играч, минатата сезона се приклучи на Валенсија, по само една сезона помината во Фенербахче, но засега не е во прв план кај новиот тренер на Валенсија, Марселињо Торал.

Според неколку извори, „Лацијалите“ се во преговори со шпанскиот клуб и најверојатно, Нани ќе го облече дресот на Лацио.

Шпекулациите од италија, говорат дека Валенсија, играчот го проценува на 10 милиони евра, но „КалчоМеркато“ објави дека тој ќе дојде како позајмен играч.

Сеуште не е јасно дали во договорот помеѓу двата клуба, ќе стои договор со обврзување на крајот од сезоната Лацио да мора да го купи Луис Нани, но јасно е дека остануваат повеќе од 24 часа до затварањето на трансфер периодот, а набрзо ќе се знае дали Нани ќе го облече синиот дрес.