“Време е ‘Процесот’ да заврши и да почнеме да победуваме”


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Филаделфија Сиксерс не се повеќе заинтересирани за реновирање на тимот, туку се решени да почнат да покажуваат резултати.

 

Четири сезони по ред фановите на Филаделфија гледаа како нивната екипа има еден од најлошите состави во лигата, за да може да губи што повеќе натпревари, што им донесе високи пикови на драфтот. Откако ги собраа во екипата Џоел Ембиид, Дарио Шариќ, Бен Симонс и Маркел Фулц, сега е време за следниот чекор од “процесот” – да почнат да победуваат.

“Долго време фановите гледаа додека ‘Процесот’ се одвиваше и тие не беа среќни што ретко победувавме. Епа сега е време ‘Процесот’ да заврши и да почнеме со редење победи. Главната цел отсега е да се движиме напред.” – изјави Ник Стаускас, еден од играчите на Филаделфија.

 

Сиксерси имаат еден од најмладите и најатрактивни состави во лигата а неколкупати летово Маркел Фулц и Џоел Ембиид најавија дека во следната сезона Филаделфија ќе биде плејоф тим.