Уште еден рекорден трансфер: Арсенал го одврзува ќесето за Лемар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал испратил неверојатна понуда од 92 милиони фунти (100 милиони евра) за услугите на Томас Лемар од Монако.

Тимот од Лондон се уште нема одговорено на понудата од Манчестер Сити за Алексис Санчез вредна 60 милиони фунти.

„Топчиите“ нема да го остават Санчез да замине се додеа на „Емирати“ не пристигне негова замена.

Монако од порано се изјасни дека не планира да го продаде Лемар, веќе одби неколку понуди од Ливерпул, но сега високата понуда од Арсенал можеби ќе ги премисли и ќе го продадат нивниот играч.