Тренерот на Бразил го советува Кутињо: „Оди таму кај што ќе бидеш среќен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Селекторот на Бразилската фудбалска репрезентација, Тите го советувал на Фил Кутињо да замине таму кај што ќе се чуствува среќен.

Фудаблерот на Ливерпул, беше прва трансфер цел на Барселона, откако Нејмар замина во ПСЖ, но Јирген Клоп и покрај понудата на Барселона од 150 милиони, сеуште не се откажува од играчот.

„Го советував да замине таму кај што ќе биде среќен“. – изјави Селектрото на Бразил.

Кутињо сеуште нема играно за Ливерпул, во новата сезона, а медиумите тврдат дека Клоп го казнува бидејќи фудбалерот изразил желба да се приклучи на Барселона.

„Нашиот тимски доктор, зборуваше со докторот на Ливерпул, и најверојатно тој нема да може да настапи“.

„Нема да превземеме никаков ризик, најверојатно тој нема да игра, но тој е важен играч за нашиот национален тим, затоа е овде“. -заврши тренерот на Бразил.