Вардар рутински до четврт-финалето во Купот на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар забележа рутинска победа од 4:1 против екипата на Локомотива.

Нашиот шампион на гостински терен беше далеку подобар противник и уште по првото полувреме го обезбеди пласманот во следната фаза од Купот на Македонија.

Вардарци дојдоа во водство во 21 минута со голот на Дејан Блажевски. Само девет минути подоцна Исени зголеми на 2:0. Во 39 минута Бесир Демири погоди за 3:0 и со овој резултат се замина на одмор.

Стојановски во 86 минута го намали резултатот на 3:1, а конечниот резултат го постигна Исени со гол во 90 минута од натпреварот.