Работнички- Шкендија најинтересен дуел во осминафиналето од Купот на Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката во пресрет на осминафиналето во Купот на Македонија.

Дерби натпревар ќе се игра помеѓу финалистот од минатата сезона Шкендија против неколкукратниот освојувач на Купот, тимот на Работнички.

Бранителот на трофејот Пелистер ќе оди на мегдан со Борец, додека Вардар ќе се соочи со Шкупи.

Во осминафиналето се играат два натпревари по системот дома-гости.

1/8 финале Куп на Македонија

Брегалница- Победа

Работнички- Шкендија

Скопје- Еуромилк

Кожув- Тетекс

Пелистер- Борец

Силекс- Академија Пандев

Вардар- Шкупи

Ренова- Струга Трим и Лум