Хрватска и Србија со победа стартуваа на Европското првенство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Хрватска во средбата од првото коло од групата Ц ја совлада репрезентацијата на Унгарија со 67:58.

Бојан Богдановиќ со 23 и Дарио Шариќ со 15 коша ја предводеа репрезентацијата на Хрватска до првата победа на Евробаскетот.

Хрватска добро го отвори натпреварот, но Унгарците со агресивна игра почнаа да прават проблеми на избраниците на Ацо Петровиќ. На крајот по првата четвртина резултатот беше нерешен, 20:20.

Во втората четвртина се играше кош за кош, Унгарците се држеа во натпреварот пред се поради доминацијата во скокот. На одмор се замина со предност на Хрватска од само три поени разлика, 39:36.

Кошаркарите на двете репрезентации продолжија во ист ритам и во третата четвртина, а Хрватска конечно го скрши отпорот на Унгарците во последната четвртина.

Сличен натпревар гледавме помеѓу репрезентациите на Србија и Летонија. Србите по голема борба славеа со резултат 92:82.

Летонија беше тврд орев за Србите, но избраниците на Ѓорѓевиќ стрпливо ја градеа играта и на крајот успеаја да слават со десет поени разлика, иако во поголем дел од натпреварот се водеше изедначен натпревар.

Богдан Богдановиќ со 30 поени беше најефикасен во редовите на Србија, додека Милан Мачван забележа дабл дабл учинок (14 поени, 10 скокови).

Дарис Бертанс со 23 поени ја предводеше летонската репрезентација, додека Порзингис забележа 18 поени.

Белгија славеше во првиот натпревар против Велика Британија во натпревар со многу кошеви. Белгијците ја совладаа Британија со 103:90.