Венгер потврди дека Томас Лемар, ја одбил рекордната понуда од Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека Томас Лемар, ја одбил понудата од Лондонскиот клуб, бидејќи сакал да остане во Монако.

Францускиот интернационалец, ќе беше рекордното засилување во Премиер Лигата, откако Арсенал, очајно барашае замена за Санчез, кој требаше да замине во Сити.

На крајот ништо од тоа не се случи, ниту Санчез замина во Сити, ниту Лемар пристигна на „Емирати“.

Монако ја прифатил понудата на Арсен Венгер вредна 92 милиони евра, но играчот не сакал да го напушти тимот.

„Тој одлучи дека за него е подобро ако остане во Монако“- изјави Венгер.

„Не сакам многу да зборувам, но секако ја почитувам неговата одлука да остане во Франција“ – заврши Венгер.