Гонзалез: Првиот натпревар секогаш е тежок, особено бидејќи играме против Металург


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес започнува новата сезона во СЕХА лигата, а уште во првото коло ќе го видиме македонското дерби помеѓу екипите на Вардар и Металург.

Натпреварот е закажан за 17:45 минути во арената „Борис Трајковски“, а Вардар секако е голем фаворит.

Во новата сезона Вардар влегува како бранител на тронот во СЕХА Лигата,а Гонзалез смета дека оваа сезона ќе биде многу потешка од минатата.

„Нема да биде лесно. Новата сезона ќе биде и потешка за нас, бидејќи кога победуваш, потешко е повторно да бидеш победник. Ние сме прваци, и сакаме и мораме добро да се подготвиме. Но, сезоната е долга, и треба полека да се фокусираме на се она што доаѓа во следниот период.“- коментираше Гонзалез.

Тренерот на Вардар и селектор на нашата репрезентација исто така истакна дека првиот натпревар секогаш е тежок, а овој ќе биде особено затоа што играат против нивниот голем ривал, Металург.

Првиот официјален меч секогаш е тежок, особено бидејќи го имаме Металург за ривал. Тие секогаш играле добро против нас и сигурен сум дека повторно ќе биде така“-заврши Гонзалез.