Ариго Саки има големи пофалби за Инсиње


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Како еден од најголемите тренери на сите времиња, и веројатно најдобриот италијански стратег, зборот на Ариго Саки многу се цени во неговата родна Италија. Овојпат тој имаше неколку пофални зборови за играчот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

 

Лоренцо Инсиње од поодамна е мета на големите европски клубови, но Наполи ги одбива сите понуди за него бидејќи од клубот сметаат дека е незаменлив. А овојпат, пофали за него стигнаа дури и од кремот на италијанскиот фудбал.

“Инсиње ќе беше одлична замена за Нејмар во тимот на Барселона. Тој е најдобриот фудбалски талент во Италија последните десетина години. Сепак, не мислам дека Наполи така лесно ќе се откаже од него.” – изјави Саки за Gazzetta Dello Sport.

 

Лоренцо Инсиње е стандарден дел од првиот состав на Наполи, како и редовен репрезентативец на Италија. Минатата сезона импресионираше со настапите откако се повреди Аркадиуш Милик, преземајќи ја главната улога во нападот.