Хамилтон триумфираше на Монца и дојде до првото место во генералниот пласман

September 3rd, 2017 | by Pavel Kotaleski
Хамилтон триумфираше на Монца и дојде до првото место во генералниот пласман
Мотоспорт
0

Луис Хамилтон по четврти пат во кариерата триумфираше на легендарната патека „Монца“.

Британецот стигна до шестата победа оваа сезона и со пласманот на Фетел на третата позиција на денешната трка за прв пат во оваа натпреварувачка година се искачи на врвот на генералниот пласман.

Втор низ целта помина Валтери Ботас кој задоцнуваше зад Хамилтон за четири и пол секунди.

Како што спомнавме трет заврши Себастијан Фетел, а четвртото место му припадна на најголемиот јунак на денешната трка, Даниел Рикиардо кој стартуваше од 16 позиција.

Шампионатот продолжува со трката за Големата награда на Сингапур која се игра на 17 септември.

Comments are closed.